Закажана 41 Седница на Советот на Општина Гевгелија
На 29 јануари 2020 г., четврток, во салата на Советот на Општина Гевгелија,
со почеток во 11 ч., Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи 41 Седница и ќе расправа по следниот Дневен ред:
- Предлог- Решение за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Oпштина Гевгелија;
- Предлог- Решение за верификација на мандат на член на Советот на Oпштина Гевгелија;
З. Предлог- Програма за финансирање на програмите и проектите од областа на културата од интерес на општина Гевгелија за 2020 година;
- Предлог- Програма за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2020 година;
- Предлог- Програма за финансирање на проекти, манифестации и значајни настани на месните заедници во општина Гевгелија за 2020 година;
- Предлог- Програма за финансиска поддршка на НВО секторот од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2020 година;
- Предлог- Програма за активностите во областа на социјалната заштита во општина Гевгелија за 2020 година;
- Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за остварувањето на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во општина Гевгелија за 2019 година;
- Предлог- Одлука за усвојување на Измената на Годишниот план за вработување во општина Гевгелија за 2020 година;
- Предлог-Решение за давање согласност на Измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување на ЈПКД „Комуналец”- Гевгелија за 2020 година;
- Предлог- Решение за давање согласност на Одлуката за измена на Одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување на цена за прочистување на отпадни води на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2018 година, бр.О2-1О7З/5 од 16.07.2018 година;
- Предлог- Одлука за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на подрачјето на општина Гевгелија;
- Предлог- Решение за именување двајца координатори од Советот на Општина Гевгелија за изработка на Стратегијата за изработка на локален одржлив развој на општина Гевгелија за периодот 2021-2026 година;
- Предлог- Одлука за примопредавање на новото возило за собирање комунален отпад од општина Гевгелија на ЈПКД „Комуналец”- Гевгелија;
- Предлог- Одлука за давање на времено користење на Народниот театар во Гевгелија на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија;
- Предлог- Решение за давање согласност за утврдување на висината на бодот за даватели на јавни услуги и на директор во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија;
- Предлог- Одлука за определување име на спортското игралиште на ул. „7 Ноември“ во Гевгелија.