Благодарници за гевгелиските фирми доделени од Царинската управа
По повод Меѓународниот ден на Царината под слоганот
„Царина се грижи за одржливост на граѓаните, просперитетот и планетата“, 9 царински службеници и 11 надворешни институции и компании добија благодарници за нивната успешност во работата која подразбира квалитет и посветеност.
Со благодарници се закитија три гевгелиски компании:
- „Конти Хидропласт“- Гевгелија;
- „Жито Пром“- Гевгелија;
- „Дојран Стил“- Гевгелија.
Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, во име на Генералниот секретар на Светската царинска организација, г-дин Кунио Микурија, им ги врачи благодарниците на стопанствениците: Борис Мачуков, Зоран Танев и управителот на „Дојран Стил“ при што истакна дека Царинската управа продолжува да го гради партнерскиот однос со приватниот сектор со цел успешна реализација на сегашните и идните проекти, а се во интерес на бизнис секторот.