Од 1 февруари образовни и лични асистенти во гевгелиските училишта за децата со попреченост
Согласно новиот Закон за основно образование каде во членот 6 стои:
„За учениците со посебни образовни потреби се обезбедуваат соодветни услови за стекнување основно воспитание и образование во редовните и посебните основни училишта и имаат право и на индивидуална помош за стекнување на основното образование и воспитание.“, се предвидува вклучување и водење грижа за развојот на учениците со посебни образовни потреби.
Од 1 февруари, во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија ќе има образовен, а во ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци личен асистент. Секој родител ако одлучи да побара вакви асистенти, има право да поднесе документација со потпис од двајцата родители согласно Законот за основното образование, а документацијата ја доставуваат до училиштето во кое ученикот е запишан. Во Буџетот за 2020 година на Министерството за образование и наука се испланирани средства за обезбедување на асистенти за учениците кои имаат потреба од нивна помош.
Во соработка со УНДП, од почетокот на учебната 2019/20, обезбедени се околу 280 асистенти за ученици со попреченост на ниво на државата.