Вратена надлежноста на ОВР- Гевгелија
По вратените надлежности на Основниот суд и Основното јавно обвинителство во Гевгелија,
исто така и на Полициската станица во Гевгелија ѝ е вратена надлежноста. Имено, од 1 јануари годинава Полициската станица во Гевгелија премина во Одделение за внатрешни работи во состав на Секторот за внатрешни работи- Струмица.
Вратената надлежност е извршена согласност новата организациона поставеност во Бирото за јавна безбедност на Република Северна Македонија. За началник на Одделението за внатрешни работи во Гевгелија е именуван Антонио Карапеев. Вратениот статус на Одделението за внатрешни работи во Гевгелија, како и на Основниот суд и Основното јавно обвинителство значително ќе придонесе за подобрување на ефикасноста на органите на прогон и правосудните органи во Гевгелија.