Унапредување на соработката помеѓу Гевгелија и Пеонија
Градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, денес оствари средба со Константинос Сионидис,
градоначалник на општина Пеонија, соседна Грција. На средбата со новоизбраниот градоначалник на оваа прекугранична општина со која Гевгелија остварува успешна соработка, стана збор за унапредување на соработката. Особено, во пресрет на новиот повик од ИПА-ППС со Република Грција за аплицирање, кој трае до 10 март. Притоа, беше констатирано дека на новиот повик двете општини ќе аплицираат во мерката за поттикнување на туризмот, културното и природното наследство.
- Новиот повик од ИПА- Програмата за прекугранична соработка е добра можност за унапредување на веќе воспоставената прекугранична соработка меѓу двете соседни општини. Заеднички оценивме даке покрај туризмот, можност за соработка постои и во другите стопански гранки. Општина Гевгелија отсекогаш имала добра соработка и партнер во општина Пеонија, како во реализацијата на заедничките проекти, така и во поглед на прекуграничната комуникација. Во моментот со општина Пеонија заеднички го реализираме проектот АКВА М2 за регулација на дел од коритото на Сува Река, во кој општина Гевгелија е водечки партнер, како и проектот „ЕуБорКо“ за мигрантите, во кој општина Гевгелија е водечки партнер, изјави градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков нагласувајќи дека ваквата соработка на двете прекугранични општини имаше значајна улога во унапредувањето на добрососедските односи меѓу двете земји.
Градоначалникот на Пеонија, Константинос Сионидис, ја оцени досегашната соработка помеѓу двете општини како успешна. Истовремено, изрази надеж дека и на претстојниот Јавен повик за ИПА-ППС двете општини ќе настапат со заеднички проект.
- Со тоа, всушност, ќе продолжи нашата соработка, а има и многу други полиња на кои можеме да соработуваме, рече градоначалникот на градот Пеонија, Константинос Сионидис изразувајќи благодарност за гостопримството.
На средбата стана збор и за реактивирање на Иницијативата за отворање на нов граничен премин за патнички сообраќај кај Идомени, со што на граѓаните од пограничниот регион на двете земји би им се обезбедила полесна сообраќајна комуникација.