Гасниот вод Неготино - Гевгелија ќе почне да се гради од крајот на 2020 година
Со Грант од WBIF и кредит од ЕИБ ќе се гради интерконектор кој треба да се заврши
до крајот на 2022 година. Интерконективниот вод Неготино- Гевгелија е во фаза на изготвување на студијата за влијанието врз животната средина и на инфраструктурниот проект. Делниците Неготино- Битола и Скопје – Гостивар се очекуваат да бидат оперативни до крајот на 2020 година. Со изградбата и развојот на дистрибутивната мрежа се придонесува користење на природниот гас од страна на домаќинствата. Цената на приклучокот ќе биде десет пати поевтина од моменталната која е малку повисока поради малата потрошувачка и немањето алтернатива за снабдување со гас.
Создадени се сите предуслови за намалување на тарифите со пренос и дистрибуција и интерконективно поврзување со грчката „Десфа“ со кои ќе се овозможат пристап и поевтина цена на гас. Исто така, ќе се помага на домаќинствата за приспособување на внатрешните инсталации за користење гас. Овој начин ќе биде важен и од економски, но и од еколошки аспект.