Систем 48: 112 интервенции на уличното осветлување
Во текот на месец јануари на уличното осветлување, а по пријавените барања од страна на граѓаните,
било интервенирано 112 пати. Екипите за санација на дефектите во Гевгелија интервенирала 32 пати, додека другите интервенции се реализирани во другите населени места. Ова беше соопштено на денешната јавна презентација на Систем 48.
Во текот на јануари годинава, преку овој систем од страна на граѓаните биле пријавени 26 барања, од кои 14 биле решени во рок од 48 часа, а другите проследени на решавање до надлежните служби. Најголемиот број од барањата, 24 се однесуваат на уличното осветлување, едно за инспекциски надзор и две за ЈПКД „Комуналец“.