ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија со две нови акции
Екипите на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија спроведоа две, нови, еколошки акции.
Едната беше комплетно чистење на ѓубриштето на ул. „Нико Вардарски“, а другата ја спроведе преку сезонско уредување на Градскиот парк пред Железничката во Гевгелија.
Со ваквите акции, ЈПКД „Комуналец“ се грижи за сочувување и одржување на чиста околина и апелира до граѓаните да ги повикаат службите за сите потреби од одлагање на кабаст отпад.