Почнува реконструкцијата на мостот на влезот во Моин
Почнува реконструкцијата на мостот на Конска Река, на влезот во Моин.
Изведувач на работите за целосна реконструкција на мостот кој претставуваше закана за поплавување на дел од населеното место по секој пообилен дожд е компанијата „Еуроинг“. Реализацијата на проектот започна пред крајот на минатата година, но поради неуспешната прва тендерска постапка јавниот повик беше повторен. Со години по ред овој мост, поради дотраеноста и несоодветната и инцидентна санација, претставуваше закана за населеното место. На неколкупати се случуваа излевања на Конска Река и прекин на сообраќајните комуникации со селото Моин поради што и граѓаните континуирано го посочуваа и бараа решавање на овој проблем. Токму и затоа, реконструкцијата на мостот доби приоритет во Програмата за локални патишта во минатата и оваа година.
Реконструкцијата на мостот ќе чини 2.110.076 денари.