Oпштина Гевгелија ќе аплицира со патот за Ума и канализацијата во Милетково на Јавниот повик од Бирото за рамномерен развој
На денешната седница, Советот на Општина Гевгелија донесе Одлука за учество со проектот
за изградба на фекална канализациона мрежа во село Милетково со препумпна станица, како и со доизградба на локалниот пат до село Ума на Јавниот повик распишан од страна на Бирото за регионален развој. Станува збор за повик за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби и за развој на селата утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година.
Вкупниот износ на изградбата на фекална канализациона мрежа во село Милетково со препумпна станица изнесува 15.638.049 денари, додека пак доизградбата на локалниот пат до село Ума, од крстосницата на регионалниот пат 112 Гевгелија-Смрдлива вода изнесува 8.092.339. Општина Гевгелија ги прифаќа предусловите за кофинансирање од 10% или 809.232 денари за реализација на доизградбата на патот за Ума, како и со 50% или 7.819.025 денари за изградбата на фекалната канализациона мрежа во Милетково.