Градоначалникот Сашо Поцков во посета на збратимената општина Јабланица
Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков се наоѓа во посета на општина Јабланица,
Босна и Херцеговина, која го одбележува Општинскиот празник 22 февруaри. За време на посетата, покрај средбата со домаќинот на оваа збратимена општина - Салем Дедиќ, градоначалникот Поцков заедно со делегацијата од Општина Гевгелија, ќе присуствуваат на свечената седница на Советот на Општина Јабланица. За време на посетата предвидена е и средба на претставниците на збратимените општини Инџија, Пазин, Гвозд и Параќин заради унапредување на натамошната соработка.
Пред сe, за утврдување на програмата за културна и спортска размена, како и продолжување на меѓународните турнири во неколку спортски дисциплини кои започнаа годинава со јануарскиот Меѓународен турнир во женски ракомет во Инџија. На овој турнир учествуваа и ракометарките од Гевгелија.