Унапредување на соработката помеѓу збратимените општини
Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков ја предводеше Општинската делегација
која присуствуваше на одбележувањето на Денот на општина Јабланица, Босна и Херцеговина. Градоначалникот Поцков се обрати на Свечената седница на Советот на Општина Јабланица, при што им го чиестита прзникот на домаќините, но, истовремено, изрази надеж дека соработката меѓу збратимените општини ќе биде унапредена.
Имено, на прославата присуствува делегации на збратимените општини Инџија, Пазин, Гвозд и Параќин кои на средбата со домаќинот на оваа збратимена општина - Салем Дедиќ, ја потврдија заложбата за унапредување на соработката. Пред се, за утврдување на програмата за културна и спортска размена, како и продолжување на меѓународните турнири во неколку спортски дисциплини кои започнаа годинава со јануарскиот Меѓународен турнир во женски ракомет во Инџија. Како што е познато, на овој турнир учествуваа и ракометарките од Гевгелија.
Во рамките на прославата беше предаден во употреба новиот стопански повеќенаменски капацитет на „Абсолут груп“ од Травник за производство на спортска опрема. Погонот се наоѓа во стопанската зона „Унис-Горна колонија“ во непосредна близина на Јабланица. Тоа беше добра можност, како што истакна градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков, на средбата со јабланичките бизнисмени, за унапредување и на стопанската соработка.