Општина Гевгелија дел од Меѓународниот проект за обнова на европскиот дух
Општина Гевгелија е вклучена во проектот „Нови стратегии за обновување на духот на Европа“
(НЕСТРАРЕГ) за поттикнување на социо-економскиот развој. „NESTRAREG“ е тематски мрежен проект, развиен меѓу неколку европски општини и невладини организации од седум земји (Шпанија, Грција, Италија, Португалија, Франција, Белгија, Романија и Северна Македонија). Партнери во проектот се: Општина Виатор, како координатор од Шпанија, ЦИВИТАС СОЛИС- Италија, Младински клуб УНЕСКО од Солун-Грција, Општина Луса- Португалија, Центар за млади во Вироинвал- Белгија и Oпштина Гевгелија, како и Фондацијата ФЛОРИТ - Гевгелија.
Со проектната цел партнерите се подготвени за создавање на нови алатки за учество на нивните граѓани преку валоризација и размена на нивните најдобри локални практики во делот на социо-економски развој, да се спротивстават на предизвикувачкиот евроскептицизам и да се дојде до посакуваната цел. Поаѓајќи од тоа, партнерските организации ќе настојуваат да ги споделат и валоризираат како референтни модели успешните локални приказни од социјалниот, културниот и економскиот развој, промовирани од страна на граѓани со визионерски и претприемнички дух. Исто така, да се искористат локални примери од економски и социјални области коишто ги претставуваат вредностите и целите на Европската Унија, пред се: солидарноста, борбата против социјалната исклученост и дискриминација, оддржливиот развој, промовирање на економска, социјална и територијална кохезија.
Промотерите имаат намера да изведат двегодишен пилот-проект, кој се карактеризира со реализација на шест меѓународни настани насочени кон клучните актери во локалниот развој, се со цел да се подигне свеста кај пошироката јавност за најдобрите практики на локален и социјален развој промовиран од нивните граѓани. Покрај тоа, проектот предвидува вклучување на сите клучни актери во локалниот развој на општините и нивните области во социјалниот контекст. Во текот на реализација на проектот, ќе се поттикне и иницијативата за официјално потпишување на договори за збратимување на општините коишто се партнери во проектот.