Препораки за управување со отпадот
Министерството за животна средина и просторно планирање даде препораки
како да се управува со отпадот за граѓаните кои се во карантин или самоизолација со сомнителен случај во домот.
Личниот отпад (како хартиени марамчиња, крпи за чистење за еднократна употреба, маски или ракавици) се одлагаат безбедно во вреќи за отпад за еднократна употреба. Вреќите наполнети најмногу до 2/3 од нивниот капацитет, спакувани во втора вреќа и убаво затворени, се безбедни за одлагање во вообичаениот контејнер за отпадоци од домаќинството.
Другиот отпад од домаќинствата се отстранува на вообичаен начин.