Профункционира Пунктот за земање брисеви за Корона вирус
Во Гевгелија профункционира Пунктот за земање брисеви за тестирање
од Корона вирусот. Пунктот се наоѓа во дворот на Општата болница, односно во бараката каде што порано беше сместено Одделението за кожни болести, веднаш до главниот влез на болницата. Но, со издвоен приод и потребната оддалеченост според препораките на СЗО од другите граѓани кои имаат други потреби во Општата болница.
Во целосно изолираниот Пункт, се примаат пациенти за земање брис исклучиво со упат од матичниот лекар, кај кого претходно може да се закаже, а согласно според направена епидемиолошка анкета, матичниот лекар ќе одлучи дали пациентот треба да се јави во Пунктот.