Градскиот пазар во Гевгелија ќе работи и наредниот четврток
Денеска, Градскиот пазар во Гевгелија беше отворен од 9 до 14 часот,
само за понуда и продажба на земјоделски производи и цвеќе според посебен режим на заштита поради вонредната состојба (задолжително носење заштитни маски и ракавици). Посебна редарска служба се грижеше за примена на заштитните мерки, а на посебен штанд бесплатно им беа поделени заштитни маски на купувачите и продавачите кои не ги поседуваат.
Градскиот пазар беше отворен по донесените мерки на Општинскиот кризен штаб откако Владата на РСМ донесе нови мерки за спречување на ширењето на Корона вирусот
Градскиот пазар ќе биде отворен и наредниот четврток (16 април, 2020 година) под истите услови за работење.