Oпштина Гевгелија продолжува со акцијата за помош на стари и изнемоштени лица
Општина Гевгелија продолжува
со акцијата за помош на стари и изнемоштени лица.
Општина Гевгелија во соработка со УНДП за имплементација на активности и поддршка, во рамките на проектот „Креирање можности за работа на сите“, го продолжија договорот за ангажирањето на мобилна екипа која помага на стари и изнемоштени лица околу купување храна, лекови или плаќање на сметки за домаќинство. Старите и изнемоштени лица доколку имаат потреба од помош, можат да се обратат на телефонските броеви: 078/348-960 и 078/423-799.