Упис на ученици во прва година во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 20/21
Училишната комисија на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија
го распиша Огласот за запишување на редовни ученици во прва година, во учебната 2020/2021 година. Во прва година ќе се запишат вкупно 374 ученика во 11 паралелки според плановите и програмите за:
- гимназиско образование, 170 ученика во 5 паралелки, една билингвална паралелка македонско-фанцуска, потребни минимум 60 поена;
- угостителско-туристичка струка, 102 ученика во 3 паралелки:
А) Хотелско-туристички техничар, 34 ученика, 1 паралелка, четиригодишно образование, потребни минимум 40 поена;
Б) келнер, 34 ученика, 1 паралелка, тригодишно образование, потребни минимум 30 поена;
B) готвач, 34 ученика, 1 паралелка, тригодишно образование, потребни минимум 30 поена;
- мaшинска струка, 68 ученика во 2 паралелки: A) машински техничар за моторни возила, 34 ученика, 1 паралелка, четиригодишно образование, потребни минимум 45 поена;
Б) автомеханичар/заварувач, 34 ученика, 1 паралелка, тригодишно образование, потребни минимум 60 поена;
- eкономско-правна и трговска струка, 34 ученика во 1 паралелка:
А) економски техничар, 34 учениика во 1 паралелка, четиригодишно образование, потребни минимум 60 поена.
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:
- да имаат завршено основно образование;
- да не се постари од 17 години;
- да се определил за план и програма за гимназиско образование, угостителско-туристичка струка, машинска струка или економско-правна и трговска струка и еден од наведените образовни профили;
- да ги исполнуваат критериумите утврдени во Конкурсот
- учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Огласот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критерими за испит на знаење и вештини во училиштетоизведува на македонски јазик и кирилско писмо.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:
- пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое сака да се запише и истата е бесплатна);
- во пријавата, ученикот има можност од понудените подрачја да избира две комбинации. Доколку ученикот не ги исполнува условите за првата комбинација која ја избрал, ќе биде запишан во втората комбинација, ако за истата ги исполнува условите;
- оригинални свидетелства за VI, VII, VIII и IX oдделение;
- дипломи,(доколку имаат) од освоени( I,II и III ) места од меѓународни и државни натпревари од (мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);
- извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето);
- потврда за вакцинален статус на ученикот издадена од службата за вакцинација.
Некомплетните документи не се разгледуваат.
УПИСНИ РОКОВИ
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања, трите пријавувања се во месец јуни.
- 16 и 17 јуни 2020 год. прво пријавување и запишување
Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на
18 јуни 2020 год.
- 24 и 25 јуни 2020 год. второ пријавување и запишување
Резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2020 год.
- 29 јуни 2020 год. трето пријавување и запишување
Резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 год.