Кварталните остварувања на приходите во Општинскиот буџет задоволителни
Советот на Општина Гевгелија на денешната 45 седница
го усвои Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија во периодот јануари-март, 2020 година. Притоа, беше констатирано дека остварените приходи како во вкупниот, така и во Основниот буџет се задоволителни. Имено, од планираните 546.886.213 денари вкупни буџетски средства во првото тримесечје се реализирани 120.072.772 денари или 21,96%, додека од планираните 233.557.581 денар средства во Основниот буџет за 2020 година, во првото тримесечје биле реализирани 54.636.051 денари или 23,40%. Од вкупно реализираните 113.790.713 денари расходи во ова тримесечје 30.227.797 денари или 26,56% се капитални расходи.
- Остварените приходи на Општинскиот буџет во првото тримесечје очигледно зборуваат дека буџетските приходи биле добро планирани. Имајќи ги предвид пред се Законските ограничувања при креирањето на буџетската политика во Општината. Остварувањата на приходите во првото тримесечје од годината се подобри и споредбено со резултатите во истиот период во минатата година. Посебно значајно е што имаме висока стапка на капитални расходи што несомнено зборува за развојната компонента на Буџетот која се остварува, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, зборувајќи за кварталните остварувања на Општинскиот буџет. Притоа, дека ваквите остварувања продолжиле, иако, во помал обем, и во периодот април-мај, така што до 26 мај годинава остварените буџетски приходи изнесуваат 67.725.033 денари. Истовремено, Поцков нагласи дека очекувано е поради новонастанатата состојба во вториот квартал резултатите да бидат полоши, но изрази очекување дека во третиот квартал резултатите во Општинскиот буџет повторно ќе дојдат во нормала.