Систем 48: Најголемиот број од барањата на граѓаните се решени
Во текот на месеците март и април
до општина Гевгелија преку Систем 48 биле пријавени 33 барања од страна на граѓаните. Најголемиот број од пријавените барања веднаш се решени, а 4 се проследени за решавање до надлежните служби. Инаку, најголем број од пријавените барања од страна на граѓаните – 18 се однесуваат на отстранување на дефект во уличното осветлување. Сите овие барања се решени, а отстранувањето на дефектите се врши континуирано од страна на фирмата-изведувач, која постапува, не само според пријавените барања, туку и според увидот на надлежните Oпштински служби за состојбата на уличното осветлување. Подеднакво, во Гевгелија и во другите населени места, бидејќи целата општина е покриена со мрежата на уличното осветлување.
Од пријавените, 11 барања се однесуваат на дејноста на ЈПКД „Комуналец“, пред се, за кастрење на улични дрвја, дефекти на водоводната и канализационата мрежа или други комунални проблеми. Најголемиот број од пријавените барања се решени бидејќи во овој период ЈПКД „Комуналец“ спроведе неколку акции за кастрење на уличните дрвја, косење на затревените јавни простори и прочистување на шахтите. Исто така, ЈПКД „Комуналец“ врши редовно хортикултурно уредување на јавните површини во градот и во населените места.