Бетониран крак од улицата „Ванчо Баламов“ во Прдејци
По низата акции за бетонирање
краци од улиците во Гевгелија, денеска заврши и бетонирањето на крак од улицата „Ванчо Баламов“ во населеното место Прдејци.
Активностите за бетонирањето на краци и помали улици започнаа минатата недела. За подобрувањето на локалната патна инфраструктура во Гевгелија и во населените места е задолжена градежната фирма „Мансард“ која го врши бетонирањето според Оперативниот план на Општина Гевгелија за бетонирање на помали улици и краци.
Во наредниот период следуваат уште акции за подобрување на патна мрежа во Гевгелија и населените места. Како што истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, се гради по план со цел жителите во населените места да добијат уште подобри и соодветни услови за живеење.