Санација на потпорниот ѕид во Миравци
Во Миравци, во тек е темелна санација
на потпорниот ѕид на плоштадот во центарот на населеното место.
Со тек на времето, овој дотраен ѕид беше оштетен потпорен ѕид на забот од временските услови и подземните води поради што постоеше опасност која беше закана за безбедноста во одвивањето на сообраќајот и можното оштетување на патната инфраструктура, бидејќи самиот ѕид се наоѓа покрај фреквентната улица „Маршал Тито“.
Со изведувањето на потпори, ќе се загарантира неговата стабилност. Изведбените работи на овој ѕид ги извршува градежната фирма „Мансард“.