Комплетно санирани полските патишта во Богородица
Со тампонирањето заврши
комплетната санација на полските патишта во атарите на населеното место Богородица. Пред неколку недели, Општина Гевгелија во соработка со ЈПКД „Комуналец“, организираше акција за тековно одржување и санација на полските патишта во Богородица и Прдејци, каде вработените од Јавното претпријатие со помош на механизација ги расчистија и проширија полските патишта во овие две населени места. Акцијата има цел за олеснувањe на пристапот до обработливите земјоделски површини во подрачја во кои има интензивна земјоделска дејност. Санирањето на полските патишта ќе продолжи и во останатите населени места.
- Изведбените работи за проширувањето, расчистување и тампонирање на истите, ќе продолжат и во другите населени места. Обезбедуваме соодветни услови за локалните земјоделци и водиме грижа за проблемите кои се појавуваат во најразвиената гранка во нашето поднебје- истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.