Комплетен сервис на уличното осветлување во сите населени места
Во сите населени места и планинските
туристички места е направен комплетен сервис на уличното осветлување. Исто така, во тек е и проширувањето на уличната мрежа на улици, кои досега немаа улично осветлување и на локации каде има потреба од истото. Во наредниот период, се планира комплетна замена на осветлувањето на сите училишни игралишта во населените места.
Пред да започне сервисот на уличното осветлување во населените места, во Гевгелија, од влезот на градот до кружниот тек, беа заменети старите дотраени натриумови арматури, а исто така и лед-арматурите на потегот од кружниот тек до грчките згради, на булеварот „Гевгелија“.
Со поставeните лед-арматури ќе се зголеми ефикасноста во квалитетот на осветлувањето, заштедата на електрична енергија и ќе се намали трошокот за нивно сервисирање.