Нема новозаболени во општина Гевгелија
По вчерашното евидентирање
од страна на Министерството за здравство дека во Гевгелија има заболено ново лице од Корона вирусот, епидемиологот од Центарот за јавно здравје ПЕ- Гевгелија, д-р Сашко Олумчев, информираше дека тестираното лице во Скопје не е од општина Гевгелија, туку од општина Богданци, од населеното место Стојаково, a при евиденцијата се работи за ненамерна грешка.
На листата со заболени, Гевгелија останува само со двете лица кои беа евидентирани на 6 јуни, 2020 година.
Д-р Сашко Олумчев апелираше до граѓаните за доследно почитување на мерките:
- Апелирам до граѓаните доследно да се придржуваат на мерките за лична заштита, пред се: миење на рацете, носење на заштитна маска и ракавици доколку престојуваат во затворени простории, одржување на пропишаната социјална дистанца. Доколку правилно се почитуваат овие мерки од страна на секој граѓанин и можноста од заразување од Корона вирусот ќе биде помала.