Уредување на тротоарот што го делат „Деко Ковачев“ и „Сава Михајлов“
Во тек е уредувањето
на тротоарот што го делат двете улици во Гевгелија, „Деко Ковачев“ и „Сава Михајлов“. Изведбените работи на тротоарот започнаа пред викендот. Новиот тротоар ќе биде уреден со бекатон-плочки и нови бетонски ивичњаци.
-Започнавме со уредувањето на тротоарот што ги поврзува овие две улици бидејќи се најфреквентните улици кои водат кон Градскиот пазар, ООУ „Крсте Мисирков“ и улицата „Петар Мусев“ и централното подрачје во градот. Затоа и сметавме дека треба да се создадат услови за непречено движење на минувачите и одвивање на сообраќајот. Со акцијата за уредување на тротоарите ќе продолжиме и на другите прометни сообраќајници, така што во план е и реконструкцијата на тротоарите на булеварот Гевгелија, од влезот кај надвозникот, па се до кружниот тек, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.