Нов асфалт на паркинзите кај „Илинденска“
Дотраениот и оштетен асфалт
на двата паркинга на улицата „Илинденска“ е покриен со нов асфалт. Вчера, радовишката фирма „ВЕ ГРУП“ ги започна изведбените работи за асфалтирање на просторот околу зградите кај Детската градинка „Цветови“.
Исто така, заврши асфалтирањето на улицата "Вардарска" во населеното место Прдејци.
Акцијата за подобрување на патната инфраструктура започна пред две недели со цел да се обезбедат подобри услови за живеење, како во Гевгелија, така и во населените места. Во тек е уредувањето на троарот што го делат двете улици „Деко Ковачев“ и „Сава Михајлов“ во Гевгелија, во завршна фаза се изведбените работи на „Индустриска“, се бетонираа краци од улиците „Ванчо Баламов“- Прдејци, „Деко Ковачев“ „Серменинска“ и „Ѓорѓи Сугаре“ во Гевгелија, а се санираа и полските патишта кои водат до земјоделските површини во атарите на Богородица и Прдејци.