Јавна презентација и јавна анкета за Детални урбанистички планови за блок 15 општина Гевгелија и блок 11 КО Гевгелија и КО Мрзеци
Општина Гевгелија
организира јавна презентација и јавна анкета за Детален урбанистички план за Гевгелија плански период 2020-2025 со опфат на блок 15 (дел 15.10) општина Гевгелија и јавна презентација и јавна анкета за Детален урбанистички план со опфат на блок 11 (11.2) КО Гевгелија и КО Мрзенци плански период 2019-2024. Јавната презентација со стручно презентирање на Деталниот урбанистички план за блок 15, општина Гевгелија, ќе се одржи во Големата сала на Народниот театар во Гевгелија, на ден 24.06.2020 година (среда), во 11 часот, а презентирањето на Деталниот урбанистички план за блок 11 (11.2) КО Гевгелија и КО Мрзенци, истиот ден, со почеток во 13 часот, во Големата сала на Народниот театар ссогласно мерките за заштита од Корона вирусот. Деталните урбанистички планови ќе бидат изложени во просториите на Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина на Општина Гевгелија и јавната анкета ќе трае 10 работни дена, односно од 24.06.2020 до 09.07.2020 година, секој работен ден од 08 до 16 часот.
Деталниот урбанистички план за блок 15 (дел 15.10) општина Гевгелија, плански период 2020-2024 зафаќа површина од 1,96 ха. Границата на опфатот е: од север- по оска на собирна улица „Новопланирана 1", од северозапад- по јужната граница на постојниот канал, од југ- по оска на сервисна улица „СЕ-6“ и од исток- по оска на сервисна улица „СЕ-2“.
Деталниот урбанистички план за блок 11 (11.2) КО Гевгелија и КО Мрзенци општина Гевгелија, плански период 2019-2024 зафаќа површина од 17.509 ха. Границата на опфатот е: на север тргнувајќи од најзападната точка 11, се движи кон север до најсеверната точка 1, по граница на Генералниот урбанистички план на Град Гевгелија, Измени и дополнување за плански период 2011-2021; на исток тргнувајќи од најсеверната точка 10, се движи по граница на Генералниот урбанистички план на Град Гевгелија, Измени и дополнувања за плански период од 2011-2021, се до најисточната точка со број 27; на југ тргнувајќи од најисточната точка 27, се движи по осовина на постојната магистрална улица бул. „Гевгелија“, во правец југозапад, се до најјужната точка 20. И на запад тргнувајќи од најјужната точка 22, се движи во северозападен правец, по осовина на новопланираната собирна улица 6 предвидена со Генералниот урбанистички план на Град Гевгелија, Измени и дополнување за плански период 2011-2021 год. се до најзападната точка 11.
Во спомнатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени заблешки, предлози и мислења на анкетните листови кои можат да ги подигнат во Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина при Општина Гевгелија или преку информацискиот систем е-урбанизам.