Утврден редоследот за истакнување изборни плакати
Во Општина Гевгелија
денес беше извршено ждребување за утврдување на местата за истакнување на изборни плакати за избор на пратеници во Собранието на РСМ. На јавниот повик организиран од страна на Општина Гевгелија се пријавија 6 политички партии. На денешното ждребување, општинската комисија, со присуство на овластените претставници од политичките партии, се утврдија местата за истакнување изборни плакати.
Имено, врз основа на спроведеното ждребување, организаторите на предизборната кампања ќе истакнуваат плакати на следниве места: бетонската ограда на Градскиот стадион, на источната страна од старото Градско пазариште, бетонските столбови на натпатникот на влезот во Гевгелија и бетонскиот потпорен ѕид во центарот на Миравци.
На ждребувањето беше утврден следниот редослед:
- СДСМ и Коалицијата „Можеме“ на местата обележани со број 1;
- ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „ОБНОВА ЗА МАКЕДОНИЈА“ на местата обележани со број 2;
- СДУ- Скопје на местата обележани со број 3;
- ЛЕВИЦА на местата обележани со број 4;
- ИНТЕГРА- МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА на местата обележани со број 5;
- EДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА- НИКОГАШ СЕВЕРНА на местата обележани со број 6.
Исто така, организаторите на предизборната кампања ќе можат да постават и паноа на градското шеталиште помеѓу жардинериите обележани со истите редни броеви. По завршувањето на изборите, учесниците се должни во рок од 30 дена да ги отстранат плакатите од дозволените места.