Се уредуваат два парка во Богородица
По бетонирањето на кракот
што води до подрачната Општинска зграда во Богородица, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија започна со акција за уредување на просторот околу зградатата, каде што се наоѓа и самото детско игралиште.
Со помош на механизација се порамни земјиштето, а она што следи е садење нов тревник, инсталирање на ново осветлување, клупи за седење и корпи за отпадоци. Во акцијата е предвидено и збогатување на садниците со цвеќиња и доуредување на урбаната опрема за деца.
Исто така, во центарот на населеното место, во близина на самата црква, во тек е уредувањето на јавната зелена површина со нова трева. Веќе се поставени нови реквизити за деца- клацкалка и лулашка, а во наредниот период ова детско катче ќе се збогати со уште реквизити. Ќе бидат поставени нови клупи за седење, канти за отпадоци, фоната со вода за пиење и просторот околу ќе биде ограден со поцинкувана мрежа.
Општина Гевгелија ќе продолжи со уредувањето на јавните површини во населените места согласно Програмата за комунално уредување и обезбедените буџетски средства за 2020 година.