Нов мурал „Ноќен танц“ ја краси улицата „Маршал Тито“
Нов мурал именуван
како „Ноќен танц“ ќе го краси ѕидот на приватна куќа на улицата „Маршал Тито“, спроти Музејот во Гевгелија. Муралот го риса Миле Ничевски, заедно со уметникот кој се потпишува како Цепенков, на приватна куќа на улица „Маршал Тито“, а е базиран на култното дело „Танц“ на Анри Матис, кој претставува еден од највлијателните уметници на ХХ век (заедно со Pablo Picasо) и чии иновации суштински го промениле текот на модерната уметност и влијаеле на неколку генерации помлади сликари.
„Ноќниот танц“ е дел од „15 Акто фестивал за современи уметности, 2020 година“ на кој учестуваат шест града од државата: Штип, Прилеп, Велес, Кочани, Гевгелија, Скопје. Aвтори на муралите се: Јана Јакимовска, Миле Ничевски, Ненад Тонкин, Ристо Аврамовски, Филип Јовановски, Владимир Милиќ и Давор Кешкец, a се реализираат во соработка со: „Гласен текстилец“- Штип, „БОШ фестивал“- Гевгелија, „Културно ехо“- Скопје, Центар за современи ликовни уметности ЦСЛУ- Прилеп и „Јавен Простор“- Прилеп, Народен Театар-Битола, Дом на Култура- Ченто, Општина Гази Баба, Општина Велес, Општина Кочани и Дом на култура „Бели Мугри“ - Кочани.