Почнува целосната санација на улицата „Илија Миов“ во Гевгелија
Започнува целосната санација
и реконструкција на улицата „Илија Миов“ во Гевгелија - една од главните сообраќајници во јужниот дел на градот. Но, истовремено, и една од најоштетените улици во централното градско подрачје бидејќи делови од улицата се целосно пропаднати. Поради тоа, најпрво, ќе биде симнат целиот асфалт, потоа ќе биде извршен ископ и поставување на двојна жичана мрежа. На ваквата конструкција за санирање на вдлабнатините на оваа улица долж целиот коловоз, ќе биде поставена бетонска плоча од 20 сантиметри. Со бетонирањето, всушност, ќе биде завршена санацијата и улицата оспособена за сообраќај. Во наредниот период, над бетонската плоча ќе биде поставен и асфалт.
Изведувач на работите на улицата „Илија Миов“ ќе биде градежната фирма „Обнова“, која на јавниот повик за тековно оддржување на улиците во Општина Гевгелија имаше најповолна понуда. Инаку, санацијата на оваа сообраќајница е предвидена со Програмата за локални патишта и улици во општина Гевгелија, во 2020 година, а се финансира од Општинскиот буџет за годинава.
- Станува збор за една од најоштетените, но истовремено и најфреквентните сообраќајници во централното градско подрчје. Затоа и ова претставува еден од приоритетните зафати за обнова на локалната патна инфраструктура годинава, чија реализација започна веднаш по завршувањето на тендерската постапка. Во рамките на Годишната програма, беше извршено асфалтирање и проширување на улицата „Индустриска“ во Северната индустриска зона. Исто така, беа бетонирани два крака од улицата „Деко Ковачев“ и еден крак од улицата „Серменинска“, потоа улицата „Ѓорѓи Сугаре“ во должина од 130 метри, како и крак од улицата во Гевгелија, која се протега долж одводниот канал „Рауљ“ од Мостот на патот за Негорци кон новиот хотел „Paint it black”, вели градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков.
Покрај во Гевгелија, во повеќе населени места, исто така беше обновена локалната патна мрежа, така што во Прдејци беше бетониран крак од улицата „Ванчо Баламов“, беше избетонирана улица во Петрово која води од центарот на селото до црквата во селото, а беа бетонирани и улиците „Гоце Делчев“ и „Бошко Бозаџиев“ во Мрзенци, како и во Богородица, вели Поцков.Покрај во Гевгелија, во повеќе населени места, исто така беше обновена локалната патна мрежа, така што во Прдејци беше бетониран крак од улицата „Ванчо Баламов“, беше избетонирана улица во Петрово која води од центарот на селото до црквата во селото, а беа бетонирани и улиците „Гоце Делчев“ и „Бошко Бозаџиев“ во Мрзенци, како и во Богородица, вели Поцков.
Изведбените работи на улицата „Илија Миов“ треба да завршат наредната недела, најпрво ќе се изведува едната половина од коловозната лента, а потоа другата. На тој начин ќе се обезбеди непречен сообраќај на улицата и за време на изведбените работи.