Дел од улицата „Илија Мијов“ веќе саниран
Дел од улицата „Илија Миов“
во Гевгелија - една од главните сообраќајници во јужниот дел на градот, е саниран и реконструиран. Заради непречено одвивање на сообраќајот, најпрво, беше санирана едната половина од коловозната лента. Симнат е целиот асфалт, потоа беше извршен ископ и поставена двојна жичана мрежа. На ваквата конструкција за санирање на вдлабнатините на оваа улица, долж целиот коловоз, ќе биде поставена бетонска плоча од 20 сантиметри. Со бетонирањето, всушност, ќе биде завршена санацијата и улицата оспособена за сообраќај.
Изведувач на работите на улицата „Илија Миов“ е градежната фирма „Обнова“ која на јавниот повик за тековно одржување на улиците во Општина Гевгелија имаше најповолна понуда. Инаку, санацијата на оваа сообраќајница е предвидена со Програмата за локални патишта и улици во општина Гевгелија, во 2020 година, а се финансира од Општинскиот буџет за годинава. Изведбените работи продолжуваат со санација на другата половина од коловозната лента.