Избори 2020: Гевгелија гласаше во мирна и демократска атмосфера
На вчерашните вонредни
парламентарни избори во Општина Гевгелија, граѓaните излегоа на гласање во голем број и гласаа во мирна и демократска атмосфера. Според неофицијалните податоци на ОИК, од вкупно запишани 19.136 граѓани во избирачкиот список, на гласање излегле 13.363 граѓани или 69,83%. По пребројувањето на гласачките ливчиња е утврдено дека 594 ливчиња биле неважечки, а 12.769 биле важечки.
Од вкупниот број на важечки гласачки ливчиња во Општина Гевгелија:
- Политичката партија на Албанците- ДПА добила 19 гласа;
- СДСМ и Коалицијата „Можеме“ добиле 5692 гласа;
- Левица - 734 гласа;
- Алијанса за Албанците и Алтернатива - 14 гласа;
- Глас за Македонија - 31 глас;
- Граѓанско- демократска унија- ГДУ - 38 гласа;
- Интегра - 281 гласа;
- Демократска унија за интеграција- ДУИ - 9 гласа;
- Социјалдемократска унија- СДУ - 45 гласа;
- Никогаш Северна, само Македонија- Единствена Македонија - 76 гласа;
- Mоро работничка партија - 44 гласа;
- ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“ - 5786 гласа.
Според неофицијалните изборни резултати на ДИК, Општина Гевгелија во новиот парламентарен состав ќе биде застапена со двајца пратеници- Марија Костадинова од СДСМ и Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ.