Нова водоводна линија на „Гоце Делчев“ во Негорци, зголемен капацитет за 12 домаќинства
Во Негорци, на улицата „Гоце Делчев“
е поставена нова водовона линија од страна на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија во должина од 220 метри, со што е зголемен капацитетот со снабдување со вода за 10 до 12 домаќинства.
Исто така, изминатиов период, во Негорци се подобри и се нормализираше водоснабдувањето и притисок на вода за дваесеттина домаќинства. По пријавувањето на проблемот од страна на жителите, ЈПКД „Комуналец“ излезе на терен, изврши увид и изведе нова реконструкција на водоводна линија во долниот дел од населеното место.
- Водоснабдувањето на овој дел од Негорци, е значително подобрено. Во наредниот период редовно ќе вршиме проверка на регулаторите на притисокот со што проблемите и дефектите во водоводната мрежа ќе бидат навремено и брзо остранети, се со цел да им овозможиме на сите наши граѓани квалитетна вода за пиење, која ќе биде во доволни количества, истакна директорот на ЈПКД „Комуналец“, Златко Зумров.
Водоснабдувањето во населените места е значително подобрено, констатираше Советот на Општина Гевгелија, на последната седница. Исто така, се констатираше дека во текот на 2020 година, заклучно со месец мај, гевгеличани користат исправна и здрава вода за пиење со последните испитувања на исправноста на водата со земање мостри од повеќе локации како во градот, така и во населените места кои ги врши Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија.
Во поголемиот дел од населените места, водоснабдувањето е редовно и без поголеми прекини, освен во периодите кога се отстрануваат дефекти на водоводната мрежа, се вршат интервенции на водоводните линии или се приклучуваат нови корисници.