На 27 јули, 2020 година, второ прскање против комарци по земјен пат
Во општина Гевгелија,
на 27 јули, 2020 година (понеделник), ќе се изврши второто прскање против возрасни комарци по земјен пат. Прскањето ќе се изврши во ноќните часови, во периодот од 20:00 до 02:00 часот. Ова е второ теренско прскање за заштита од комарци по лаврицидното третирање кое беше извршено на територијата на целата општина.
Годинава, заштитата од комарци во општината се врши во рамките на заедничката акција на Југоисточниот плански регион која се спроведува на територијата на десетте општини, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.
Предвидени се вкупно две ларвицидни прскања и три прскања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземаaт соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.