Бетонирани тротоарите на „Рајко Жинзифов“ и „Илија Миов“ во Гевгелија
Заврши уредувањето
на тротоарите на две улици во Гевгелија: „Рајко Жинзифов“ и „Илија Миов“. Изведувач на работите за бетонирање на тротоарите на овие улици е градежната фирма „Обнова“.
Пред уредувањето на тротоарот од јужната страна на улицата „Илија Миов“ која беше најоштетена, по ископот на коловозот, беше поставена жичана мрежа и бетонска плоча.
Во текот на минатиот месец започна уредувањето на тротоарот што го делат двете улици во Гевгелија: „Деко Ковачев“ и „Сава Михајлов“. Уредувањето на овој тротоар е со поставување на бекатон-плочки и нови бетонски ивичњаци.
- Со акцијата за уредување на тротоарите ќе продолжиме и на другите прометни сообраќајници, така што во план е и реконструкцијата на тротоарите на булеварот „Гевгелија“, од влезот кај надвозникот, па се до кружниот тек, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.