Извршено второто прскање против комарци по земјен пат
Вчера, беше извршено
второто прскање против возрасни комарци, по земјен пат во Гевгелија и населените места. Прскањето се спроведе заедно со претставници на Општина Гевгелија и Центарот за здравје- ПЕ Гевгелија кои ги одредија претходно локациите за третирање, а се организираше преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.
Второто прскање против комарци требаше да биде извршено на 27 јуни, 2020 година, но поради технички причини беше одложено за 4 август, 2020 година.
Согласно набавката, предвидени се вкупно две ларвицидни прскања кои се извршија во текот на мај и јуни и три прскања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха.