Извршена е селекцијата на кандидатите за програмата „Општинско-корисна работа“
Заврши јавниот повик за евидентирани невработени лица
од општина Гевгелија за ангажман во рамките на проектот „Можности за сите“. Со овој проект Општината е дел од програмата „Општинско-корисна работа 2020/2021 година“.
Оваа година, на јавниот повик кандидатите конкурираа за: негуватели за помагање на стари и изнемоштени лица и еден образовен асистент за помагање на дете со посебни потреби во воспитно-образовниот процес.
Ангажираните ќе посетат обука за нега на стари и изнемоштени лица и лица со попреченост. Работниот ангажман на негувателите ќе трае 6 месеца, а на образовниот асистент 8 месеца, за што ќе добиваат паричен надоместок, во висина од 9.000 денари. Истите нема да го загубат статусот на невработено лице и се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување - Центар за вработување- Гевгелија со цел почитување на обврските согласно Закон.