Примопредавање на поставените агрометеоролошки станици на 20 седница на Совет за развој на ЈИПР
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков,
присустуваше на 20 седница на Советот за развој на Југоисточен плански регион, заедно со останатите градоначалници од Југоисточниот регион, која се одржа на 15 септември, 2020 година, во просториите на Домот на АРМ- Струмица, со почеток во 12:00 часот.
На седницата се разгледаа Предлог-Одлуките за преотстапување на агрометеоролошките станици на општините: Богданци, Василево, Босилово, Валандово, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица. Покрај ова на дневен ред беше ставена и презентација на ревидираната регулатива, очекувани резултати и натамошни чекори во функција на зајакната социјална инклузивност, транспарентност и партиципативност од страна на г-дин Јован Манасиевски, експерт од МЛС И СДЦ и дискусија за воспоставување меѓуопштинска соработка за решавање на проблемот со бездомните животни.
Со усвојување на Предлог-Одлуката, трите агрометеоролошки станици поставени во околината на Прдејци и Негорци, а набавени поставени во рамките на проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“, Центарот на Југоисточниот плански регион ги предаде на стопанисување на општина Гевгелија. Поединечната вредност на агрометеоролошките станици изнесува 170.500 денари без вклучен ДДВ, со вклучено тримесечно одржување со вредност од 511.500 денари, без вклучен ДДВ. Со оваа Одлука, трошоците за понатамошното користење, управување и одржување на станиците се на товар на Општината. Проектот за поставување на агрометеоролошките станици беше финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој.