Утврден начинот на кој ќе се реализира наставата во гевгелиските училишта
Владата на РСМ на вчерашната седница го разгледа Извештајот
за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачoт на училиштето за организирање настава со физичко присуство, го прифати предлогот на Комисијата и заклучи:
- На СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија не се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од прва до четврта година за гимназиско и стручно образование, од причина што вкупниот број на ученици е значајно зголемен, а од епидемиолошки аспект и моменталната епидемиолошка слика во општината, со тоа се зголемува ризикот за зараза и ширење на Корона вирусот. Учениците од струките, ќе ја реализираат практичната настава со физичко присуство, согласно одобрениот план и протоколите за средно образование, практична настава, феријална практика и учење преку работа.
- Во Централните основни училишта: OOУ „Владо Кантарџиев“ и ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија не се дава согласност за организирање настава со физичко присуство за учениците од четврто до деветто одделение поради тоа што вкупниот број на деца од овие одделенија е значајно поголем во однос на учениците од прво до трето одделение и од епидемиолошки аспект и моменталната епидемиолошка слика на општината се зголемува ризикот за ширење на Корона вирусот.
- На ООУ „Климент Охридски“- Миравци, покрај организирање настава за учениците од прво до трето одделение, се дава согласност за организирање настава со физичко присуство и за учениците од четврто и петто одделение.
- На ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци не се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение поради тоа што вкупниот број на ученици од овие одделенија е значајно поголема во однос на учениците од прво до трето одделение и од епидемиолошки аспект и моменталната епидемиолошка слика на општината се зголемува ризикот за ширење на Корона вирусот.
- На Подрачните училишта во: Богородица, Мрзенци, Моин, Кованец, Прдејци, Смоквица, Милетково и Давидово, покрај организирање настава за учениците од прво до трето одделение, им се дава согласност за организирање настава со физичко присуство и за учениците од четврто и петто одделение.
- На ООМУ „Васо Карајанов“ не се дава согласнот за организирање настава со физичко присуство на учениците од прва до деветта година. Училиштето треба да подготви план за индивидуална настава со физичко присуство на учениците за избраниот инструмент, со согласност од родителот и со почитување на заштитните епидемиолошки мерки пропишани во Протоколот за настава со физичко присуство. Наставата по теоретските предмети ќе се изведува со учење на далечина.