Обука за вработените од ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија на тема: „Образованието, семејството и менталното здравје во време на КОВИД-19“
Вработените од ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија учествуваа
на обука за професионален развој, на тема: „Образованието, семејството и менталното здравје во време на КОВИД-19“, во организација на Општина Гевгелија како дел од соработката со Институтот „Европа за тебе“ ја реализираше обуката во просториите на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија, со почитување на Протоколите за организирање настани.
Обуката опфати поттеми од областа на психологијата, педагогијата и социологија: „Предизвиците пред менталното здравје во време на пандемијата на КОВИД-19“, „Модели на вербална и невербална комуникација со децата во услови на пандемија“ и „Улогата на семејството и масовните медиуми за време на КОВИД-19 - предизвици и последици. Излагачи на темите беа: проф. д-р Ана Фрицхаид, проф. д-р Елизабета Томевска- Илиевска и проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова.
Целта на обуката е продлабочувањето на знаењата и развивање на компетенциите за работа со деца во услови на пандемија, како и јакнење на личните капацитети за справување со стресни ситуации на: индивидуален, професионален и семеен план.