Поцков за „Цивил“: Профитот не смее да биде на штета на екологијата
Зелен ЦИВИЛ: Кои се зелените перспективи на Гевгелија?
ПОЦКОВ: Зелените перспективи во Гевгелија се секогаш предизвик за секој Градоначалник, поготово за мене и се предвидени во работната агенда на мојот мандат, бидејќи јас ветував пред граѓаните дека ќе ја направам модерна, европска и зелена Гевгелија. Направивме три капитални инвестиции, изградба на нов водовод, порано во гевгелиската вода имаше присуство на арсен, сега тоа веќе е минато. Изградба на прочистителна станица која е една од најголемата и најмодерната во Република Северна Македонија и изградба на локална депонија.
Како солидарност, односно еден вид на одговорност на светот спрема тоа што се случуваше на граница кога беше напливот на сириската криза. Тие се во перспективата и треба да овозможат тековно решавање на се што е зелена површина, односно правиме еко-акции за зачувување на животната средина. Истовремено, кога правиме нови булевари или улици, или кај што веќе се направени улиците, засадуваме дрвореди кои ќе дадат резултати за неколку години. Правиме и паркови, каде што ќе можат и младите и повозрасните да седат.
Зелена Гевгелија не е само зленилото во градот, туку да се направи Гевгелија убаво и пристојно место за живеење, тргнувајќи од желбите и потребите на граѓаните. Јас како Градоначалник, имам слух да ги слушнам потребите на граѓаните и во креирање на Буџетот вметнуваме такви ставки.
Советот си има друга агенда. Имаше поднесено иницијатива од еден инвеститор за преработка на отпад кој ќе биде носен од Италија во (ертрбе брикети) која беше одбиена на седница на Совет на Општина Гевгелија. Гевгелија покажа и со првиот референдум против рудниците. Концепт на Гевгелија е лесна и незагадувачка индустирја, така што фокусот на моето работење е одржлив еколошко - економски развој, тоа е правење баланс, екологијата да не биде препрека на развој на економијата, ама да не биде и профитот на штета на екологијата.