Објавена продажба на 9 градежни парцели за домување во станбени куќи и лесна индустрија во општина Гевгелија
Oпштина Гевгелија објави продажба
на 9 градежни парцели во сопственост на РСМ, од кои 8 за домување во станбени куќи и 1 наменето за лесна индустрија. Од 8 градежни парцели за домување во станбени куќи, 3 парцели се наоѓаат кај поранешната Касарна, на површина од 362 до 436 метри квадратни, а останатите 5 се наоѓаат на м.в. „Караорман“, на површина од 358 до 537 метри квадратни. Градежната парцела наменета за лесна индустрија се наоѓа на м.в. „Моински пат“, на површина од 5603 метри квадратни. Почетната цена по метар квадратен изнесува 61,00 денар.
Продажбата на градежните парцели ќе се одвива по пат на електронско јавно наддавање. Заинтересираните правни и физички лица пријавите за учество на јавното наддавање треба да ги достават по електронски пат на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk и тоа за: градежните парцели за домување во станбени куќи до 27.10.2020 година и за градежната парцела за лесна индустрија до 09.11.2020 година.
Јавното наддавање за градежните парцели за домувањето во станбени куќи ќе се оддржи електронски на следната интернет-страна www.gradezno-zemjiste.mk, на 29 октомври, 2020 година, почнувајќи од 09:00 до 12 и 30 часот, по 15 мин. за секоја градежна парцела.
Јавното наддавање за градежната парцела за лесна индустрија ќе се одржи по електронски пат, на истата интернет-страница, на 11 ноември, 2020 година, со почеток во 10:00 ч.
Повеќе информации за целата постапка на следниот линк: http://www.gevgelija.gov.mk/images/PDF/urbanisticki/OBJAVA_BR1-2020.pdf