Предавање во употреба мониторинг-станицата за мерење амбиентален воздух во Гевгелија
На 15 октомври, 2020 година, со почеток во 12 часот, ќе биде пуштена во
употреба поставената мониторинг-станицата за мерење амбиентален воздух, на локацијата која беше утврдена од Министерството за животна средина и просторно планирање со претставниците од Секторот за урбанизам, на просторот кај ЈОУГД „Сончогледи“- Гевгелија (на самиот тротоар помеѓу надворешната ограда од Градинката и улицата „Ристо Јанев“).
На предавањето во употреба на мониторинг-станицата ќе се обратат: министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, шефот на Делегацијата на Европската Унија, Н. Е. Дејвид Гир и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.
Овој мерен пункт ќе биде опремен со инструменти за озон, азотни оксиди, сулфур диоксид и јаглероден моноксид, секвенцијален нисковолуменски семплер за мерење на PM10 и PM2.5, како и метеоролошки сензори, а се набавува преку IPA-CBC проект. Станицата ќе биде поврзана со националниот софтвер за следење на квалитетот на амбиентниот воздух (AIRVIRO) и ќе биде дел од националната мониторинг-мрежа за следење на квалитетот на воздухот, со која управува Македонски информативен центар за животна средина во Министерството за животна средина и просторно планирање. Мониторинг-станицата е набавена во рамките на проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот во прекуграничниот регион“, финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка Грција- Македонија на Европската Унија.