Објавен традиционалниот конкурс од ОГ за финансирање програми и проекти од областа на спортот за 2021 год.
Oпштина Гевгелија го објави традиционалниот конкурс за финансирање
проекти и програми, активности и натпревари од областа на спортот од значење на општина Гевгелија за 2021 година. На конкурсот имаат право да учествуваат: правни и физички лица – државјани на Република Северна Македонија. Под правни лица се подразбираат спортски здруженија, спортски клубови, здруженија на граѓани, училишни спортски сојузи, трговски друштва, акционерски друштва, трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија за вршење дејност спорт, како и правно лице кое покрај регистрацијата за вршење дејност од друга област, е регистрирано и за вршење дејност спорт.
Конкурсот ќе трае 28 работни дена сметано од 16 октомври до 13 ноември, 2020 година. Пријавите со потребните документи апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на конкурсот, со назнака „Конкурс за финансирање програми и проекти од областа на спортот за 2021 година“.
Апликантите задолжително треба да ги достават пријавите и по електронски пат (Word документ) на следнава е-mail адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Резултатите од конкурсот ќе бидат во вид на Програма за финансирање програми и проекти од областа на спортот од интерес на Општина Гевгелија за 2021 година, која ја носи Советот на Општина Гевгелија, а ќе биде објавена во Службен гласник и веб-страницата на Општината.
Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат на тел.: 034/211-211 и на следниов линк на веб-страната на Општина Гевгелија: Конкурс за финансирање програми и проекти од областа на спортот од интерес на ОГ за 2020 година.