Почна изградбата на станбена зграда, наменета за домување на лица од социјално-ранливите категории
Во Гевгелија, почна изградбата на нова станбена зграда
кај поранешната Касарна која ќе биде наменета за домување на лица во социјален ризик и други ранливи групи. Во станбената зграда се предвидени 52 стана, во кои ќе бидат сместени социјално-загрозени семејства. Зградата е дел од програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Северна Македонија. Одобрението за градење е издадено од Општина Гевгелија.
Инвеститор на социјалните станови е АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Изведувач на градежните работи е ДПТУГУ „Атриум“ ДОО узов-извоз Вевчани, со лиценца „А“ за изведувач на градби од прва категорија, додека надзорот при изведувањето го врши инвеститорот - АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката- Подружница Струмица.