Подобрена урбаната опрема за одржување на комуналната хигиена во ЈПКД „Комуналец“
Во ЈПКД „Комуналец“ во Гевгелија, наспроти зголемените активности
за спроведување на заштитните мерки против Корона вирусот, се реализирани повеќе активности за подобрување на комуналната хигиена. Пред се, преку набавка и поставување на нова урбана опрема. Во изминатите десет месеци, набавени се 85 улични корпи за ситен отпад, 80 пластични контејнери од 1.1 м³ и 25 метални контејнери од 1.1 м³.
Во овој период е реализирана и акцијата за набавка и бесплатна поделба на контејнери на домаќинствата во оние делови од градот, каде што поради тесните улици нема услови за поставување на контејнери.
- Набавени се 1500 канти за отпад од 120 литри кои се поделени бесплатно на домаќинствата, каде собирањето на отпадот е рачно и нема можност за поставување на контејнери, вели директорот на ЈПКД „Комуналец“, Златко Зумров. До крајот на годината, ќе се набават и поделат уште 500 канти, а идната година е планирана набавка на уште 1750 канти за отпад од 120 литри кои бесплатно ќе им бидат поделени на домаќинствата. Со тоа ќе се обезбедат услови за навремено собирање и дистрибуирање на отпадот и во оние градски делови и непристапна улици, а тоа домаќинствата нема да ги чини ништо, вели Зумров, нагласувајќи дека за подобро одржување на комуналната хигиена на јавните површини набавена е метларка за машинско чистење на улици.
Во ЈПКД „Комуналец“ набавена е опрема за зимско одржување на улици и патишта за три возила. Со тоа, всушност, се заштедени значителни финансиски средства во Oпштината. Имено, досега Oпштина Гевгелија за зимско одржување на улиците ангажираше фирми преку постапка за јавни набавки.