Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 51 седница на 29 октомври
Советот на Општина Гевгелија, на 29 oктомври, 2020 година,
ќе ја одржи својата 51 седница, на која ќе расправа за Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2020 година за периодот 01.01-30.09, 2020 година и исплата на финансиски средства од Буџетот на Општината за 2020 година.
Советот на Општината ќе биде информиран за преземените мерки од ОШЗС за справување со пандемијата од КОВИД-19, а ќе расправа и по неколку точки за утврдување потреба од донесување Урбанистичко-планска документација поднесени од физички лица во населените места. Седницата на Советот ќе се одржи во Големата сала на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 11 часот, со почитување на протоколите за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот, а членовите на Советот ќе работат по следниот дневен ред:
1. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2020 година за периодот 01.01.2020г. - 30.09.2020год. (кумулативно),
2. Информација за преземените мерки од Општинскиот штаб за заштита и спасување за справување со пандемијата од КОВИД-19 во општина Гевгелија,
3. Предлог-Одлука за исплата на финансиски средства од Буџетот на Општина Гевгелија за 2020 година,
4. Предлог-Одлука за давање на управување и користење на изведена градба- Привремена санитарна депонија во с. Ново Конско - Општина Гевгелија со фотоволтаичен систем,
5. Предлог-Одлука за определување име на Младинскиот дом во с. Богородица- општина Гевгелија,
6. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на Урбанистички проект за КП бр.676 КО Гевгелија (барател: Беби Весели од Гевгелија),
7. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на Урбанистичка планска документација за с. Хума за КП бр.1136 КО Хума (барател: Зоран Ников од Гевгелија),
8. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на Урбанистичка планска документација за с. Хума за КП бр.1110 КО Хума (барател: Нада Стојковска од Гевгелија),
9. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на Урбанистичка планска документација за с.Ново Конско за КП бр.156/1 КО Ново Конско (барател: Димитар Стоилов од Гевгелија),
10. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на Урбанистички проект за КП бр.352 и КП бр.369 КО Милетково (барател: Славчо Иванов од Миравци),
11. Информација за состојбата со изграденоста на архитектонските бариери за лицата со посебни потреби во општина Гевгелија,
12. Советнички прашања.