Објавен конкурсот од ОГ за финансиска поддршка за организирање програмски активности на Здруженијата на граѓани за 2021 година
Oпштина Гевгелија го објави конкурсот за финансиска поддршка на
Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2021 година. На Конкурсот имаат право да учествуваат сите регистрирани здруженија и фондации со седиште во општина Гевгелија согласно Законот за здруженија и фондации.
Конкурсот ќе трае 30 работни дена сметано од 26 октомври до 25 ноември, 2020 година. Пријавите со потребните документи апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсот, со назнака „ Конкурс за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2021 година“.
Резултатите од конкурсот ќе бидат во вид на Програма за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Општина Гевгелија за 2021 година, која ја носи Советот на Општина Гевгелија, а ќе биде објавена во Службен гласник и веб-страницата на Општината.
Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат на тел.: 034/211-211 и на следниов линк на веб-страната на Општина Гевгелија: Конкурс за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2021 година.
Пријавите за финансирање на активности од областа на културата и спортот, културните активности на Месните заедници и програмските активности на Здруженијата на граѓани апликантите можат да ги преземат од веб-страната на Општина Гевгелија: http://www.gevgelija.gov.mk/.